СДСМ: Груевски да се приземји и да разбере дека веќе не е премиер

by Fokus

Никола Груевски мора да се приземји, да разбере дека повеќе од една година не е премиер, дека ВМРО-ДПМНЕ поради него е изолирана партија и најважно, да престане да ја узурпира власта на штета на граѓаните.

Ова е реакцијата на СДСМ на изјавата на Груевски со која тој побара побрзи локални избори, но и предвремени парламентарни избори при неговата посета на градежните активности во градскиот стадион во Скопје.

„Над 700.000 граѓани стојат зад легитимно формирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кои според Деловникот, Уставот и законите го избраа новиот собраниски претседател. Според Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на унитарна и европска Македонија. Тоа Груевски не може да го спречи.

Времето на узурпатори како Груевски заврши. Конструктивните политичари во ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека ќе најдат сила да се оградат од деструктивните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна и одговорна опозиција ќе ги поддржи демократските и реформските процеси воинтерес на граѓаните и евро-атлантската иднина на Македонија“, велат од СДСМ.

Поврзани новости