СДСМ: Граѓаните знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ

by Fokus

Пропаднаа обвинувањата, лагите и спиновите кои доаѓаа од белиот дворец, за наводни договори со власта за бегството на Сашо Мијалков. Единствена вистина е договор помеѓу Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот криминалец, Никола Груевски, за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ води грчевита борба за опстанок кога во државата се создаваат услови за правда. Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Извршената правда врз поранешниот шеф на УБК, е директен пораз за остатоците на режимот, за Христијан Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото. Затоа се казнети од граѓаните и од правдата и уште долго ќе останат во опозиција“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости