СДСМ: Граѓаните ќе видат за каков луксуз се трошени нивните пари

by fokus 12:25
12:25

Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злоупотреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека најголемиот страв на „криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски“ е дека за сите злоупотреби на парите на граѓаните ќе следува одговорност.

- Advertisements -

-За зајакнување на економијата и отворање реални работни места од СДСМ најавуваат најавуваат дека еден од начините ќе биде тоа што, како што велат, украдените пари ќе се враќаат во Буџетот. Заврши времето кога иселувањето на младите, бришењето на невработените од евиденција, и нарачани бројки од контролирани институции ВМРО-ДПМНЕ можеше да го прикажува како намалување на невработеноста“, се додава во соопштението.

Поврзани новости