СДСМ: Граѓаните ќе ги имаат на увид платите и трошоците на јавните фунцкионери

by fokus 19:16
19:16

Социјалдемократскиот сојуз ветува дека по изборите ќе воведат мерки преку кои граѓаните ќе имаат увид како се трошат државните пари.

-Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично.Ова ќе претставува важен чекор во спречување на злоупотребите на властa. Секој министер ќе знае дека негов контролор е секој граѓанин на Македонија. – рече денеска Рената Тренеска Десковска, член на ИО на СДСМ.

- Advertisements -

Таа додаде дека за поголема транспарентност на Владата пред Собранието, наместо еднаш во месецот,  пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно.

-Ова се само дел од мерките кои ќе ги обезбедиме со цел да оствариме вистинска транспарентност на клучните државни институции. Со ваквите мерки имаме план да создадеме праведно и сигурно општество. Граѓаните ќе вршат контрола над власта, а власта ќе работи транспарентно и единствено во служба на граѓаните – рече Тренеска –Десковска.

Поврзани новости