СДСМ: Гласот за Силјановска е глас за насилниците од 27 април, кои се обидоа да убијат пратеници и новинари

by Фокус

На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата, кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари, велат од СДСМ.

„Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта. Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди“, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека на овие избори, гласот за Гордана Силјановска – Давкова е глас за насилството и насилниците од 27 април и за враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости