СДСМ ги повикува пратениците да ги поддржат законските измени за продолжување на роковите за легализација

by fokus

СДСМ ги повикува останатите пратенички групи во Собранието да дадат поддршка на измените во Законот за постапување со бесправно изградените објекти со кои се продолжува рокот за легализација до крајот на следната година.

-Со овие измени излегуваме во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не можеа навремено и комплетно да аплицираат за легализација на своите објекти. Тоа значи дека сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во дополнителен рок, сметано од 01 јануари до 31 декември 2018 година – изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Дополнително, додаде тој, ќе следуваат и нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните Барања не ја обезбедиле неопходната документација, да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација.

И понатаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година.

 

Поврзани новости