СДСМ ги чека потписите од ДУИ

by fokus

На писмениот документ со предлог за коалиција, кој СДСМ му го достави на ДУИ за да ги добијат нивните 10 пратенички потписи, се уште нема повратен одговор.

Петре Шилегов денеска порача дека СДСМ ги очекува потписите од ДУИ, кои им се неопходни за да обезбедат парламентарно мнозинство и да добијат мандат за состав на нова влада.

-Очекуваме одговорот од ДУИ да стигне во форма на потписи за добивање на мандатот, изјави на прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од СДСМ велат дека ќе се воздржат од дополнителни коментари и дека сите чувствителните прашања ќе се разгледуваат од позиција на мандатар.

Од ДУИ пак, се уште не откриваат што содржи документот и велат дека ќе одлучуваат на седница на централното претседателство. Претседателот на партијата, Али Ахмети, вели дека за неговата партија се уште сите опции за коалиција се отворени.

Поврзани новости