СДСМ: Гарантирано вработување за младите

by fokus

СДСМ денеска презентираше мерка за задржување на младите во Македонија со обезбедување на услови за вработување, праска и мастер.

-Ќе овозможиме секој млад човек да добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг за подготовка за вработување, во првите четири месеци по завршување на школувањето! Со тоа ќе овозможиме активност на секој млад човек веднаш по завршувањето на високото образование и ќе отвориме пат за негов професионален развој. Во Планот за живот во Македонија, исто така, се обврзавме дека на факултетите ќе ги приспособиме образовните програми кон пазарот на трудот, со можност за пократки студиски програми, што овозможуваат практични знаења на дипломираните студенти, велат од СДСМ.

Што се однесува до шансите за млади претприемачи, партијата најави дека преку реални мерки ќе ги олесни младите во одлуката да отворат сопствен бизнис.

Поврзани новости