СДСМ: Фирма блиска до Мијалков добила тендери од РЕК Битола од 60 милиони евра

by fokus

Пратеникот на СДСМ од Битола, Васко Ковачевски денеска преентираше издадени фактури од фирмата „Марковски“ за кои тврди дека со нив наплатиле над 60 милиони евра од РЕК „Битола“ за ископ на јаглен и јаловина.

-Додека Груевски смислува насилни сценарија и работи на поделби на граѓаните, на 2 март оваа година склучен е нов договор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола со битолската фирма Марковски компани, во висина од 290 милиони денари или речиси 5 милиони евра. Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно да биде објавен оглас. Фирмата е во сопственост на битолчанецот Борче Марковски, од неодамна конзул на Белорусија, инаку во јавноста познат како близок пријател на Сашо Мијалков. Фирмата Марковски Компани од 2008 година до денес има добиено тендери во РЕК Битола во износ од над 60 милиони евра. Еве и документи!, рече Ковачевски.

Тој додаде дека заради вакви и слични милионски тендери, цената на струјата постојано растеше, а сметката за тоа ја плаќаат граѓаните.

Поврзани новости