СДСМ: Фамозното здружение донира исти споменици и на Центар и на Скопје

by Фокус 15:54
15:54

Што работи Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин од Скопје – Македонија, коешто наводно ги донира спомениците во Скопје? Кои се нивните активности? Како се финансира ова здружение, кое што има моќ да донира 5 споменици од по 10 метри?

Овие прашања денеска ги постави СДСМ откако беше обелоденето дека во центарот на Скопје ќе се поставуваат уште пет нови споменици што ги донира извесното Здружение за духовно обединување.

Коце Трајановски не присуствуваше на расправата за поставувањето пет нови споменици во Скопје. И до овој момент се крие и не одговара на поставените прашања. Не се знае ни кој е автор на сомениците, ниту дали се тие изработени“, рече Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

- Advertising -

Партијата обелодени одлука на Советот на општина Центар од 28 декември 2012 година, време кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше власта во општината. Од одлуката се гледа дека истото Здружение на Сетинци, Попадинции Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје, донирало на општината пет споменици. Четири од овие споменици се идентични и според одлуките, а треба да се постават и на исти локации како оние што сега се најавени.

„Се поставува прашањето, зошто здружението досега не ги донирало овие споменици на Центар и тие не се поставени? Дали здружението ќе донира идентични споменици и на Центар и на Скопје? И едно од поважните прашања, од каде им се парите да донираат споменици во вредност од стотици ијлади евра ако не и повеќе? Коце Трајановски нема визија за развој на Скопје. Тој продолжува да ги расфрла народните пари за раскош и луксуз, додека граѓаните се соочуваат со рекордна сиромаштија“, рече Манчевски.

Спомен обележјата планирано е да се подигнат во близина на трговскиот Мавровка. На аголот на Универзитетската Библиотека ќе биде поставен споменикот на Пере Тошев, а во негова близина ќе биде на Никола Петров Русински. Кај Судска Палата ќе биде подигнат споменикот на Андон Лазов Јанев –Ќосето. Споменик на Ѓорѓи Сугарев ќе има кај комплексот факултети. На Генаралот Михалјо Апстолски ќе има кај клучката Континентал.

Оваа одлука беше изгласана од советниците на град Скопје, иако во 2012 е донесена речиси идентична одлука, но од општината Центар.

 

Поврзани новости