СДСМ: ЕЛЕМ го празни и Тиквешкото Езеро

by fokus

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ освен природното Охридско Езеро, празни и Тиквешкото Езеро преку хидроцентралата Тиквеш, обвини денеска СДСМ.

-Несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет. СДСМ постојано предупредуваше дека тендер политиките на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто ја користеше ЕЛЕМ за рајски градини и лично богатење на поединци наместо за вложување во енергетските капацитети, ќе донесат штетни последици по граѓаните и државата. Граѓаните во најстудената зима се оставени да зависат од скап увоз на струја, којшто достигна над 6 милиони евра, а домашна струја нема, бидејќи единствениот комбинат што работи е РЕК Битола, и тоа со постојани падови на системот по криминалните реконструкции, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости