СДСМ: Дупката во ПИОМ зголемена за над 200 милиони евра

by Фокус

Крунскиот доказ дека Груевски лаже кога зборува за нови вработувања е токму историски највисокиот дефицит на Фондот за ПИОМ во 2014 година, велат денеска од СДСМ коментирајќи ги тврдењата на Владата за новите работни места.

-Дупката во ПИОМ во 2008 година изнесувала 165 милиони евра, за во 2014 година промашените економски политики на Груевски да ја продлабочат на неверојатни 369 милиони евра! Доколку вистински се намалуваше стапката на невработеност, дупката во ПИОМ требаше да се намалува, а не забрзано да се зголемува и да го доведе Фондот во ризик на неодржливост на среден рок, како што алармираше Светска банка. Лагите за падот на невработеноста излегуваат на површина, се вели во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ потсетуваат дека според Светска банка 626.312 граѓани ја напуштиле државава во потрага по работа и достоинствени услови за живот.

Поврзани новости