СДСМ, ДУИ и ДПА преговараат за последното место во ад-хок телото

by fokus

Ад-хок телото за медиуми се уште е на преговарачката маса во Клубот на пратеници.

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, рече дека ќе ги прифати сите услови на СДСМ само за да има избори, остави другите партии да го изберат петтиот член.

Во моментов првите луѓе на СДСМ, ДУИ и ДПА сè уште се на средба и преговараат за последниот член во телото кое ќе ги следи медиумите како известуваат во предизборниот период, а кој треба да биде Албанец.

Инаку, откако вчера Даут Даути се повлече од трката за последното место, главен кандидат остана Сефер Тахири.

Поврзани новости