СДСМ: ДПМНЕ измислува лажни случаи за да го прикрие скандалот со Мицкоски

by Fokus 17:35
17:35

Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ очајно штанца непостоечки случаи за да го покрие скандалот со Мицкоски кој ги лажеше граѓаните, реагираа од владејачката СДСМ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза и затоа штанца измислени лажни случаи и шири лажни вести. Граѓаните гледаат еден очаен обидот на ВМРО-ДПМНЕ, преку измислени лажни случаи, да го покрие скандалот на Христијан Мицкоски, кој ги лажеше граѓание.Тешко дека ВМРО-ДПМНЕ може да побегне од лагите на Мицкоски. Граѓаните очекуваат извинување, особено откако самиот Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

Поврзани новости