СДСМ: ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби меѓу граѓаните и наместо да осуди, поттикнуваше говор на омраза

by Fokus

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните говори за немањето свест и совест во врвот на оваа партија, реагираат од владејачката партија.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби меѓу граѓаните и наместо да осуди, поттикнуваше говор на омраза, а сега преку ширење лажни вести и неосновани обвинувања се обидува да разгорува тензии меѓу граѓаните. Апелираме на смиреност кај сите граѓани. Институциите постапуваат соодветно и во рамки на нивната законска надлежност. Јавно е достапно дека Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронајде осомничените за стореното кривично дело. Случајот и преквалификацијата на кривичното дело сега се во рацете на надлежното Обвинителство – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости