СДСМ: Долгот се уште е над 50 отсто од БДП!

by fokus

Се потврди дека досегашната криминална власт остава во наследство на граѓаните и на Република Македонија јавен долг од над 50 проценти од БДП, се вели во денешната реакција на СДСМ.

-Тоа го покажуваат вчера објавените податоци од извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31.12.2016 година. Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека јавниот долг е намален за 1.4 проценти. Долгот е се уште на критичното ниво над 50 проценти, како што предупредија и меѓународните финансиски институции, кога изразија загриженост за темпото на задолжувања на државава. Граѓаните се тие кои ќе ги враќаат огромните долгови во милијарди евра, со камати, што ги направи досегашната неодговорна власт и тие имаат право да знаат колкав е јавниот долг на државата, стои во соопштението.

Од СДСМ велат дека поради ова итно е потребна нова влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални одговорни политики и којашто посветено ќе работи на стабилизирање на нивото на јавниот долг.

Поврзани новости