СДСМ: Документите на Груевски 10 години ја уништуваат Македонија

by fokus 12:21
12:21

Ефектите од документите на Никола Груевски 10 години го уништуваат животот на луѓето и го блокираат развојот на Македонија, реагираат од СДСМ на објавата од Груевски дека неговата партија подготвува документ за излез од кризата.

-За Никола Груевски следува период на соочување со документите и аргументите што го докажуваат грабежот и криминалот на неговото владеење и уништувањето на Македонија. Над 700.000 граѓани очекуваат што побрзо да се избере новата Влада која што ќе обезбеди правда за сите, квалитетен живот за сите и заедништво. За тоа гласаа на изборите и затоа застанаа со 67 пратенички мандати зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Никола Груевски мора да ја прифати реалноста дека тој повеќе не е фактор на одлучување туку се граѓаните. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со одговорноста, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата порачуваат дека ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада.

 

Поврзани новости