СДСМ: Деновиве помошта ќе легне на сметките на граѓаните

by Fokus

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека деновиве ќе биде исплатена државната помош од 6.000 денари на сметките на граѓаните кои ќе се најдат на списокот „купувам домашно“.

-Преку домашни платежни картички и ваучери за туризам, беа помогнати над 320.000 граѓани а веќе овие денови дополнителни 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари. На здравствените работници кои со месеци се на првата линија на фронтот со невидливиот непријател, на 7.600 вработени во здравството кои работат со лица заболени од коронавирусот, ќе им биде исплатена награда во висина од 30.000 денари, вели владеачката партија во дел од своето соопштение утринава.

Од вчера објавени се списоците со имињата на лицата кои добиваат државна помош од 6.000 денари. На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk на самиот почеток може да се пребарува со впишување на единствениот матичен број, а во делот листа на корисници, објавени се сите имиња на граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање на државата помош. Постои опција на страницата каде веднаш можете да поднесете приговор. Рокот за приговори истекува денеска. Парите ќе можат да се трошат и по 25 декември.

Министерството за економија ја ажурираше листата на граѓани кои се опфатени во четвртиот пакет мерки за справување со корона кризата. На веб страницата „Купувам домашно“ веќе е достапна оваа листа, а тоа се граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање помош од 6000 денари за купување домашни производи.

На листата дополнително ќе бидат додадени самохраните родители, филмските и естрадни уметници кои ги исполниле условите за добивање на помошта.

Поврзани новости