СДСМ: Денеска е празник на Никола Груевски, тој е експерт за лажење

by Fokus 10:08
10:08

Денешниот 1 април е празникот на Никола Груевски, затоа што тој е експертот за лажење. Груевски измисли странски служби и жолти комбиња со тактички опреми што снимале, реагираат од СДСМ.

Според нив, за тоа подоцна целата домашна и меѓународна јавност дознала дека снимале домашните тајни служби и за тоа веќе се води истрага од Специјалното јавно обвинителство.

„Груевски тврдеше дека снимките се сечени, лепени, креирани и монтирани. Неговиот сопартиец Антонио Милошоски призна дека снимките се вистински, а признаа и други. Груевски тврдеше дека нема да има никакви оставки по скандалите со криминали и злодела објавени во проектот Вистината за Македонија. Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков ги дадоа првите три оставки, а по нив следеа и многу други – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека Груевски повеќе од една година не е премиер и никогаш повеќе нема да биде.

– Груевски тврдеше дека предвремените парламнетарни избори закажани за 24 април ќе се одржат, иако за нив не беа исполнети условите. Изборите беа откажани до создавањето услови да бидат кредибилни. Тој тврдеше дека изборите закажани за 5 јуни ќе се одржат дури и без опозиција. И тие избори беа откажани до создавањето услови. Груевски тврдеше и дека воопшто нема да има избори. Граѓаните на 11 декември излегоа масовно на предвремените парламентарни избори и во огромно мнозинство од околу 700.000 гласаа против него и неговите политики – продолжува понатаму во соопштението од СДСМ.

Според нив, лагите на Груевски имаат краток рок на употреба.

Поврзани новости