СДСМ денеска бира ново управно раководство

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор.

По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.

Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила Шекеринска, генерален секретар на СДСМ е Љупчо Николовски, а потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири.

Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе, а во новиот конгрес влегуваме со нови политики.

Тој најави дека денешниот ден партијата ќе го почне со Извршен и Централен одбор, каде што ќе се оформуваат предлозите и, како што посочи, веројатно ништо нема да се знае се до 10 – 11 часот кога ќе почнат првите состаноци.

-Не би можел ништо да кажам заради тоа што нема оформено предлози, односно секој може да има свои идеи во главата, почнувајќи од мене како прв меѓу еднаквите во СДСМ, и овластен предлагач согласно статусот на Социјалдемократскиот сојуз, но сето тоа е безвредно ако органите и телата како овластени предлагачи не го предложат пред самиот Конгрес, додаде премиерот.

Партијата, рече, е отворена за нови луѓе, за нови шанси да напредуваат во своја кариера, но по пат на дискусија на Извршниот одбор и Централниот одбор. На крајот, како што посочи, на конгресот ќе се донесат сите одлуки.

Поврзани новости