СДСМ: Денешниот протест со стотина луѓе потврди дека Мицкоски е губитник

by Фокус
Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните, реагира СДСМ во однос на протестот во организација на ДПМНЕ против поскапувањето на струјата.
„Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот. Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис интереси не го интересира ништо друго.  Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата“, реагираат од СДСМ.

Поврзани новости