СДСМ: Дел од преговарачите се однесуваат крајно неодговорно

by Фокус

-Преговарачкиот тим на СДСМ реагираше на ваквото однесување на некои од преговарачите во врска со Законот за специјален јавен обвинител, или поточно Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Тоа однесување на дел од преговарачите е крајно неодговорно и не смее да се случува, реагираат од СДСМ откако во јавноста излегоа инфомации дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го смениле текстот на Законот за специјално обвинителство изработен токму од четирите политички партии откако конечната верзија била затворена на работната група во Клубот на пратеници.

Од СДСМ велат дека тие знаеле со кого си имаат работа, па сите предлози кои ги дале, потоа проверувале дали биле применети како што било договорено.

-Дополнително, ваквиот инцидент е сериозна опомена за домашната јавност, но и за меѓународните посредници за карактерот и однесувањето на некои политички субјекти вклучени во преговорите. Знаејќи со кого имаме работа, СДСМ дополнително ги проверуваше сите одредби кои беа резултат на наши предлози и позиции. Тоа очигледно не го направија сите партии што придонесе до крајниот резултат, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости