СДСМ: Дали Мицкоски соработува со криминалци па се обиде да ја саботира акцијата на МВР?

by fokus

Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?

Оваа е денешната реакција на СДСМ, откако денеска МВР информираше дека е уапсена група од десетина полицајци за кои постои смонеж дека учествувале во ланец за изработка на фалсификувани пасоши и лични документи, а од друга страна обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со вчерашниот брифинг, на кој споделија детали за акцијата, се обиделе да ја сузбијат.

-Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, велат од СДСМ.

Поврзани новости