СДСМ: Дали ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО?

by Fokus 17:12
17:12

Иако сите изнесени невистини од страна на ВМРО ДПМНЕ беа демантирани од страна на Владата на Република Македонија опозициската партија продолжува со хистеричното ширење лажни вести, реагираат од владејачката СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став за најважното прашање за иднината на државата а од друга страна хистерично шири лажни вести директно или индиректно поврзани со напредокот на Македонија во НАТО. Граѓаните ширум Македонија се радуваа и излегоа да ја прослават убавата вест, покана за членство на Македонија во НАТО. Само од ВМРО-ДПМНЕ ништо, нема честитки, нема радост за веста којашто е значајна за иднината на Македонија. Јавноста очекува одговор дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО? – се наведува во партиското соопштение.

- Advertisements -

 

Поврзани новости