СДСМ: Да се укине одлуката на судијката Поп Стефанија за „Тврдина“

by fokus

СДСМ обвини дека решението донесено од судијката Александра Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување е наезаконско.

Портапролот на партијата, Петре Шилегов, денеска побара Кривичниот суд на основниот суд Скопје 1 да го укине ова решение поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението.

– Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал. Претседателот на судот, Владимир Панчевски има обврска да ја почитува одлуката на Судскиот совет и треба да ја врати Поп Стефанија во Одделот за прекршоци и на нејзино место да назначи судија од редот на судиите од Основен суд Скопје 1.Судски совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот – рече на дененешната прес-конференција Шилегов.

Поврзани новости