СДСМ: Да работеа ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломј немаше да плаќаме скапа струја

by fokus 18:18
18:18

Брзо ќе разјасниме за чии интереси се увезува милионска струја, наместо да има домашно производство! Да работеа ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј и стабилно да работеше РЕК Битола, граѓаните немаше да мора да платат огромни 4.2 милиона евра за струја од увоз, за само две недели, реагира СДСМ.

„Денешното признание дека за да се активираат помошните котли на ТЕЦ Осломеј потребно е допрва да се обезбедат нафта и услови за покревање на системот не е изненадување за граѓаните кои ја казнија несовесната власт и избраа промени. Сепак, штетните последици од криминалната власт во заминување се огромни до последен момент. Пред месеци беше најавена студена зима. Од Божик се увезува скапа струја.
Но сепак не се навреме подготвени сите капацитети на ТЕЦ ОСломеј. Надвор од употреба остана и ТЕЦ Неготино, иако можеше да произведува најмалку два пати поевтина струја од скапите и до 240 евра по MWh, по коишто периодов се набавуваше струјата од увоз. И тоа само ако се земе предвид моменталната цена на мазутот на берзите.
А поради неквалитетните криминални поправки во РЕК Битола, комбинатот не произведува струја во полн капацитет и јасно беше дека таа струја на минусните температури нема да биде доволна. Предупредуваме дека за многу брзо време ќе стане јасно дали причината поради којашто власта во заминување ги остави неактивни домашните енергетски капацитети се криминални интерси од скапиот увоз на струја“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Во Планот за живот, објаснуваат од СДСМ, се обврзавме дека ќе ги активираме сите домашни енергетски капацитети, со што ќе овозможиме максимално домашно производство на струја и поевтина струја, наместо скапиот увоз што досега ги качи сметките за струја на граѓаните за 100 проценти.

„Затоа што побрзо е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики. За сите штети врз граѓаните ќе има одговорност“, порачува СДСМ.

 

 

Поврзани новости