СДСМ: Чулев незаконски ја унапредил сопругата на Чавков

by Fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, повторно се става над законот, во обид за партизација на институциите и враќање на режимот, се вели во соопштението на СДСМ.

Според нив техничкиот министер од редовите на опозицијата, без распишан интерен оглас, ја унапредил сопругата на Митко Чавков на повисока позиција, за три скалила погоре во хиерархијата на министерството.

Ова е уште еден обид на Чулев, МВР да го претвори во ВМРО-МВРО. Чулев не може да се одвои од режимската матрица на неговата партија и го интересира само како да го заштити својот шеф Христијан Мицкоски и како да им помогне на своите партиски другари, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од таму порачуваат дека времето на режимот сепак е завршено, а Белиот дворец одамна не раководи со МВР, така што на Мицкоски и на Чулев треба да им е јасно дека секој во државата ќе одговара за неодговорно и незаконско постапување.

Поврзани новости