СДСМ: Барокните згради чинат по 5.000 за кадрат

by Фокус

Откако ја обвини власта дека изградбата на катните гаражи ги чинело граѓаните вкупно 80 милиони евра, или 50.000 за едно паркинг место, од СДСМ посочија дека за барокните објекти се потрошиле преку 5.000 за квадратен метар, иако пазарната цена е неколкукартно пониска.

– Објектот на Стар театар е на 7.200 квадратни метри и за него се потрошени 39.000.000 евра, значи 5.416 евра за квадратен метар. Музејот на ВМРО располага со 5.100 квадрати, а чини над 20 милиони евра, или 4.000 евра за квадрат. За објектот на ЈП Водовод, кој се планира да биде 5.326 квадрати, ќе плаќаме по 3.800 евра за квадрат. Само за споредба, просечна цена на стан во Скопје, според Државниот завод за статистика, е 900 евра по метар квадратен. Најскапиот станбен простор во Скопје е 1.300 евра. Овој просекот на државно ниво е под 750 евра. Ако се земе предвид и дека градежната цена на становите е 300 – 500 евра за квадратен метар, тогаш навистина, што правела власта со по 3.000, 4.000, 5.000 евра за квадратен метар? – праша партискиот портпарол Петре Шилегов.

 

Поврзани новости