СДСМ бара веднаш да се откријат напаѓачите на пратеникот Максим Димитриевски

by fokus

СДСМ бара инстистуциите веднаш да постапат и да има одговорност за нарачателите и извршителите на инцидентот против пратеникот Максим Димитриевски.

„Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека. Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија“, реагира СДСМ.

Партијата на Заев оценува дека говорот на омраза и запаливата реторика на Никола Груевски за непостоечки теми поттикнува и разгорува нетрпение со цел нарушување на спокојот на граѓаните за заштита на лични криминални интереси.

„Но, против сценаријата на Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ се над 700.000 граѓани кои избраа заедништво и промени. Ги повикуваме граѓаните, како и досега, да не подлегнуваат на провокациите на режимот во заминување. Многу брзо ќе има нова реформска Влада и одговорност за сите злодела“ се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости