СДСМ бара оставки од уредниците на МТВ поради начинот на кој беше покриен Илинден

by fokus 14:01
14:01

Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија, велат од владејачката СДСМ.

Од таму бараат одговорност за дешеното, како што велат, неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. СДСМ бара оставки од програмскиот совет, директорите и уредниците, бидејќи, велат, ваквото дејствување е спротивно на интересите на граѓаните.

- Advertisements -

„Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија. МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси“, велат од таму.

 

Поврзани новости