СДСМ бара одговорност за политичките анкети во училиштата во Аеродром

by Фокус

Недозволиво е Просветниот инспекторат да молчи со денови по скандалот што се случи во училиштата во општина Аеродром, кадешто на децата им беа поделени анкети, бидејќи, според опозицискиот СДСМ, тоа е недозволива партизација на образовните инситуции и злоупотреба на децата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за основно и средно образование е јасен, се забранува било какво политичко делување во училиштата. Ова претставува обид за политичка манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз родителите и децата. Просветниот инспекторат мора да реагира и секој што го прекршил законот да сноси одговорност“, сметаат социјалдемократите.

Поврзани новости