СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да го признае изборниот пораз

by fokus

Граѓаните на Република Македонија после догло време имаа можност да гласаат на фер и демократски избори по слободна волја и без притисоци, соопштуваат од СДСМ од каде бараат ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на локалните избори.

„Резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините, како изгледа Македонија кога се гласа слободно и кога во целост се почитува изборната волја на граѓаните. Организирањето криминални избори и системската злоупотреба на државните институции и ресурси во партиски цели беа одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши. Наместо да бара апсурдни оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да  да им честита на граѓаните за мирните, фер и слободни избори и да го признае изборниот пораз“, велат од таму.

Поврзани новости