Од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска побараа итно проширување на истрагата во Кочани кон антуелните функционери што биле директно одговорни на денот на трагедијата. Покрај тоа, бараат и да се стави крај на политичката злоупотреба на Обвинителството и институциите.
„Истрагата за трагедијата во Кочани се претвори во класичен политички тееатар во режија на ДПМНЕ. Наместо да се фокусираат на актуелнитее пропусти вечерта на трагедијата, кога полицијата не реагирала и не затворила објект, а дозволила присуство на малолетни лица и употрееба на пиротехнички средства, власта оди десет години наназад со цел да ги заштити актуелните началници и службеници од други институции што биле директно одговорни за настанот“, се вели во реакцијата од опозициската партија.
Оттаму велат дека се отвара мегапроцес, вештачки надуван, во кој не се гони конкретна одговорност, туку се гради наратив – да се покаже одлучност и борба против криминалот, со цел прикривање на одговорните.
„И додека се бркаат чиновници од пред десет години, началниците и командирите што таа вечер имале директна обврска да постапат, остануваат недопрени. Власта сака јавноста да заборави дека полицијата била таму и не направила ништо“, наведуваат од СДСМ.
Со ваквиот пристап, посочува опозициската партија дека се стваат под прашање и самите правни постапки, кои стануваат товар за Обвинителството и за судството.