СДСМ бара итни мерки, загадувањето останува и покрај ниските температури

by fokus

Огромно е загадувањето и на ниските температури, а власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца, реагираат денеска од СДСМ.

-Еве, синоќа на мерната станица Битола 2 измерени дури 808 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, што е за 16 пати повеќе од максимално дозволената граница. Во Лисиче се измерени 714 микрограми на кубен метар, што е за 14 пати над дозволеното. Во општина Центар се измерени 625 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, односно 12 и пол пати над максимално дозволената граница. Предупредуваме дека мора итно да преземат мерки за заштита на граѓаните, посебно во услови на грип, вируси и инфекции, рече Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тој рече дека потребни се краткорочни мерки во деновите на високо загадување на воздухот, како и одговорни еколошки политики.

-Тоа значи гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи да се обезбедат субвенции за најсовремени филтри. Субвенционирање на фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс, рече Мирчески.

Поврзани новости