СДСМ: Ако ВМРО го бојкотира референдумот, ја турка државата кон изолација

by Фокус 23:15
23:15

Десет години ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека граѓаните ќе го имаат последниот збор за решението за спорот со Грција на референдум, а кога референдумот стана извесен по постигнувањето на историски и патриотски договор, Христијан Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема став, велат од СДСМ.

„Доколку Мицкоски не ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина ќе покаже дека лажеле со години и дека всушност се за изолација. Заради амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се обидува да ја турка Македонија во изолација и неизвесност. Македонија е далеку посилна од антидржавното однесување на Мицкоски и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од владејачката партија.

- Advertisements -

Претходно, Мицковски изјави дека ќе изграат став дали ќе учествуваат или ќе повикаат на бојкот на референдумот откако ќе направат консултации на терен, а најдоцна до почетокот на кампањата на 10 септември.

Поврзани новости