СДСМ: Силјан Мицевски се заканува дека ќе ги избрка сите што не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Во вториот сет разговори што ги објави претседателот на Општинскиот комитет во Битола, Васко Ковачевски се зборува за изборните нерегуларности, затворање на фирми, кои не се истомисленици со партијата на власт, потоа договарања за вработувања по партиски списоци, а сите тие кои не глсаат за нив ќе бидат избркани од работа.

Во аудио-снимката, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Битола, Владимир Талески коментираат дека приватната фирма „Марди“ им правела некакви проблеми и дека треба да се затвори. Јанакиески дава предлог-решение, дека треба да се примени истиот план како за Велија Рамковски.

Во вториот разговор, Влатко Чинговски, генералениот директор на „ЕЛЕМ“ бара од Талески 20 луѓе да гласаат на две места, а во третата аудио снимка разговара со Силјан Мицевски од кој бара да се направи список на вработените кои не сакале да гласаат, за да знаат кои се и подоцна да ги избркаат од работа. Според снимката, Мицевски добива од „ЕЛЕМ“ и „РЕК Битола“, 110 милиони евра.

Исто така, во снимките може да се слушне и како се вработуваат луѓе по партиски список. Шефот на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер бара од Чинговски да се вработат девет луѓе по партиски список.

 

Поврзани новости