СДПМ на Бранко Јаневски освои 4.700 гласови

by Фокус 09:36
09:36

Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски на вчерашните избори освои 4.700 гласа. Оваа партија е позната по тоа што како носители на нејзините пратенички листи поставува луѓе коишто имаат слични имиња и презимиња со кандидатите на СДСМ. Таков беше случајот во 2008 година, кога кандидираа извесна Рада Шеќерова наспроти Радмила Шекеринска, а на овие избори во втората изборна единица имаа кандидат Петре Петров наспроти Петре Шилегов од СДСМ. Во тројката на Марјанчо Николов му парираа со Марјанчо Наков.

Претседателот на СДПМ, Бранко Јаневски е директор на Управата за прашања на борците и воените инвалиди под Министерството за труд во владата на Никола Груевски.

„Фокус“ во минатото има пишувано повеќе за оваа партија и нејзиниот лидер.

- Advertising -

Поврзани новости