СДММ: Наша цел е квалитетен и достоинствен живот за студентите

by fokus

На Меѓународниот ден на студентите порачуваме дека нашата цел е да обезбедиме квалитетен и достоинствен живот за студентите во Р.Македонија, велат денеска од СДММ по повод Меѓународниот ден на студентите.

Студентите во Македонија овие денови се обидуваат да ги извадат последните документи и повторно како и минатата година од јуни 2017 да заминат на Work&Travel со можност за подолг престој. Ние, студентите сакаме вистински живот во Македонија, во модерни студентски градови – а не преживување по студентските домови. Ние, студентите сакаме повисок студентски стандард – платена работа за време на студии, а не да зависиме од нашите родители и од популистички мерки. Ние, студентите бараме работа дома за сите!, се вели во соопштението.

Од СДММ порачуваат дека младите, студентите мора да бидат приоритет денес за да имаме подобро утре.

Поврзани новости