СДК: Вело Марковски е меѓу обвинетите за нелегално ископување и продавање артефакти

by fokus

Инфектологот Вело Марковски, кој е дел од Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е меѓу осумтемина обвинети за нелегални археолошки ископувања и продажба на предмети од непроценливо значење за државата, објави порталот СДК.МК.

Како што информираше ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, тие во текот на 2017 и 2018 година вршеле недозволени археолошки истражувања и ископувања на археолошки локалитети и локалитети со природни реткости на територијата на РСМ. Потоа пронајдените добра неовластено ги присвојувале, прикривале и ги продавале на купувачи во земјава и во странство. Ова го правеле поединечно или заедно, за остварување на точно определени цели, без дозвола од надлежни органи.

Поврзани новости