Савески: Со притворањето на Мијалков власта сака да го намали гневот поради бегството на Груевски, но тоа не е доволно

by fokus

Според Здравко Савески притворањето на поранешнот директор на УБК, Сашо Мијалков е дел од пи-арот на власта за да се обиде да го намали јавниот гнев поради бегството на Никола Груевски.

-Голем дел од неклиентелистичките поддржувачи на СДСМ им даваа поддршка и покрај лошото владеење, само и само за да видат казнување на Груевски поради криминалното владеење. Сега, кога е јасно дека поради политички дил или поради тотална неспособност, дозволија Груевски да ја избегне правдата, јавниот гнев е голем и поддршката за СДСМ се топи. Со комичните изјави на Заев околу киднапирањето ситуацијата ја влошија наместо да ја подобрат. Па, веројатно затоа се обидоа да ја контролираат штетата преку притворањето на Мијалков. Притворањето на Мијалков не е доволно. Власта мора да поднесе одговорност заради бегството на Груевски. Министерот за внатрешни работи мора да поднесе оставка, поради политички и морални причини, а санкционирање мора да има и против оние лица во МВР, обвинителството и судството што преку „колективно спиење“ го овозможија бегството на Груевски, вели Савески во изјава за „Фокус“.

На минатонеделниот протест пред Владата поради бегството на Груевски, Савески во своето обраќање побара итно притворање на Мијалков и оставка на министерот Спасовски.

К.С.

 

Поврзани новости