Савески: Додека го занимаваат народот со национални прашања, тој станува се посиромашен

by fokus

За Здравко Савески од Левица новиот Закон за употреба на јазиците нема да донесе ништо добро за Албанците и смета дека  политичките елити намерно ги држат отворени националните прашања за на тој начин чин да му го одвлечат вниманието на обичниот народ од основниот факт: дека додека го занимаваат со вакви национални прашања, тој станува се’ посиромашен.

-Во Македонија основниот проблем е тоа што институциите се окупирани од олигархијата и од нејзините послушници веќе 27 години. И поради тоа, гласот на народот не се слуша во државните институции. Тоа е главниот проблем што треба да се адресира, зошто досега доаѓаат на власт партии кои пред избори ветуваат дека ќе работат во интерес на народот за веднаш по доаѓањето на власт да ја сменат политиката и да работат во интерес на бизнис олигархијата. Се’ додека тој проблем не се адресира и не се реши, ирелевантно ќе биде кој јазик и во колкава мера ќе се зборува во државните институции. Колку овој закон ќе го подобри животот на обичниот човек Албанец во Македонија, кој се мачи да врзе крај со крај, исто како и обичниот човек со македонска етничка припадност?, вели Савески за Фокус.

Поврзани новости