Сава пензија плус одбележува 10 години доброволно пензиско осигурување во Македонија

by lali

Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Сава пензиско друштво а.д. Скопје, денес прославува 10 години од извршената прва уплата во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

Сава пензија плус е прв формиран доброволен пензиски фонд во Република Северна Македонија, со  дозвола за управување добиена во 2009 година. Првата уплата на доброволен пензиски придонес била реализиранапред точно 10 години на 15.07.2009 година.

Доброволното пензиско осигурување кое го нуди Сава пензиско друштвоа.д. Скопје за индивидуално членување и професионално членување преку компании, е високо регулиран финансиски производ на пазарот кој овозможува долгорочно штедење на средства за дополнување на идната пензија. Штедењето во доброволен пензиски фонд или таканаречен трет пензиски столб е дополнително стимулирано од државата преку даночни бенефиции.

Во текот на овие 10 години работење10.308 членови* искажаа довербадел од своите заштеди да ги вложат во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Нивните заштедени пари заедно со остварениот принос од вложувањата достигнаа нето вредност 859,36 милиони денари. Од Сава пензиско друштво а.д. Скопје се особено горди на постигнатиот просечен годишен принос остварен од инвестирање на средствата уплатени од страна на членовите за минатите седум години (од 30.06.2012 до 30.06.2019)кој изнесува 6,38 отсто номинален, односно 5,47 проценти реален.

-Досегашниот остварен принос е резултат на соодветно поставената Стратегија за инвестирање која се реализира преку избор на квалитетни финансиски инструменти и напредни техники на управување со портфолио и управуање со ризици од страна на нашиот стручен тим на професионалци. Средствата на пензискиот фонд, покрај во домашни обврзници и депозити во домашни банки се инвестирани во квалитетни странски и домашни компании со добри долгорочни перспективи, висока профитабилност и солидни дивидендни приноси. Визијата на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е да биде препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина по повод јубилејот изјави г-ѓа Мира Шекутковска, Претседател на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Покрај управувањето со првиот доброволен пензиски фонд, Сава пензиско друштво а.д. Скопје управува и со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд, со средства под управување на 30.06.2019 година од 32.943,68 милиони денари (над 500 милиони евра)  и со 238.732 членови.

Друштвото е членка на словенечката Сава Осигурителна Групацијакоја брои 22 членки од осигурителниот бизнис и бизнисот со управување со средства,а во Македонија, покрај Сава пензиско друштво а.д. Скопје, дел одГрупацијата е и Сава Осигурување АД Скопје.Официјален деловен соработник на Сава пензиско друштво а.д. Скопје е и НЛБ Банка АД Скопје.

 

 

Поврзани новости