Сашо Мијалков денеска седнува на обвинителна клупа за масовното прислушување

by Fokus

Денеска во 10 часот во Кривичниот суд треба да започне првото рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кој треба да докаже кој и како го вршел нелегалното прислушување.

Во овој случај се опфатени поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, како првообвинет, поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се пребегани во Солун и за кои ќе биде побарана екстрадиција.

Случајот „Таргет“ се однесува на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година. Обвинетите се  товарат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување при прислушувањето на најмалку 5.827 телефонски броеви или 20.017 нелегално прислушувани граѓани.

Во случајот „Тврдина“ се работи за уништување на опрема за прислушување вредна 10 милиони евра и на документација за набавката на таа опрема.

Поврзани новости