Саркози се соочува со 6 месеци затвор

by fokus

Француското обвинителство денеска побара шестмесечна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кому му се суди за илегално финансирање на предизборната кампања во 2012 година.

Саркози во вторникот ги негираше обвиненијата на судењето за незаконско финансирање на неговата неуспешна кампања, тврдејќи дека трошоците не биле негова одговорност.

Обвинителите, пак, велат дека Конзервативната партија на Саркози потрошила речиси двојно од 22,5 милиони евра дозволени со закон за големи јавни митинзи во кампањата, а потоа ангажирала пријателска агенција за односи со јавноста за да ги покрие трошоците.

Поврзани новости