Сараево, Белград и Скопје меѓу 10-те најзагадени градови во светот

by Fokus

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу 10-те најзагадени градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е на второто место на листата на најзагадени места во светот според мерењето „AirVisual“.

Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.

AQI го подготвува Индексот за квалитет на воздухот и се фокусира на најопасните честички, вклучувајќи ги и оние помалку од 2,5 микрометри и помеѓу 2,5 микрометри и 10 микрометри.

Поврзани новости