Сарачини и Трајаноски ангажирани во ПР-службата на Владата

by fokus

Граѓанскиот активист Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани во Пи – ар службата на Владата, за Плусинфо потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Трајаноски на јавноста и е познат како граѓански активист и учесник во Шарената револуција.

Сарачини пак, до неодамна беше дел од кабинетот на екс- министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој по оставката, Владата го ангажира за национален координатор за култура. По оставката на министерот од кабинетот замина и Сарачини, но за кусо време тој повторно е ангажиран да работи за Владата.

– Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини се ангажирани за извршување професионални задачи за потребите на Секторот за односи со јавноста на Владата на РМ.
Жарко Трајаноски е ангажиран за истражувања и анализи, а Петрит Сарачини за медиумски мониторинг, во согласност со нивните професионални компетенции. Нивните ангажмани се регулирани со договор на дело – ни потврди Бошњаковски.

Поврзани новости