Сањол: После изгубеното финале од Италија испушив 250 цигари за 10 минути

by Fokus

Некогашниот француски дефанзивец, Вили Сањол во интервју за француските медиуми, откри дека не разговарал со Зинедин Зидан цели две години после изгубеното финале на СП 2006 година од Италија.

Франција беше поразена од Италија после изведувањето на пеналите, а финалето остана запаметено по црвениот картон на Зидан по ударот со глава врз Матераци.

„После натпреварот, во соблекувалната Зидан на сите ни се извинуваше. Но јас не го прифатив извинувањето. Не сакав да разговарам со него, затоа што не беше време за разговор. Не разговаравме две години после тоа. Заминав до тоалетот и испушив 250 цигари за 10 минути. Во 2008-ма година се оженив со сопругата, а таа ми рече да го викнам Зидан на свадбата. Го викнав и појдовме на појадок. Тоа беше долг и интересен разговор“, истакна Сањол.

Поврзани новости