Санкционирани 272 возачи во Скопје, од кои 63 за пречекорена брзина

by Fokus

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење.

Од МВР денеска соопштија дека во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се 15 мерки за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и мерки за двајца мотоциклисти.

– Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во соопштението.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, потенцираат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости