Санкционирани 216 возачи во Скопје, 29 за брзо возење, 52 прекршоци за пешаците

by Fokus

На територијата на Град Скопје, при вчерашните акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои 26 за непочитување на брзина на движење, 52 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возење без возачка дозвола. Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР нагласија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакнаа од МВР.

Поврзани новости