Санкционирани 171 возачи во Бутел и Чучер Сандево

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи санкционираше 171 возачи во општина Бутел и Чучер Сандево, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола.

МВР санкционираше и 12 возачи за нерегистрирани возила.

Од министерството информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости